партнери
.
.
.
.

Додатоци за изработка на месно тесто и фил за полутрајни колбаси

 

Прашести додатоци, кои на база на својата делотворна фосфатна компонента овозможуваат брза изработка на месно тесто или фил за обарени и полутрајни колбаси, како и останати месни производи од иситнето и фино иситнето месо.

Додатоците се составени од повеќе функционални компоненти, чиишто дејствувања меѓусебно се надополнуваат.

Основната состојка на додатоците е компонента на база на фосфат, којашто влијае на зголемување на способноста на белковините од месото да врзат вода (с.в.в.) и на способноста за емулгирање, а посредно и на бојата на месото.

Додатокот од антиоксиданти и органски киселини влијае на создавање пожелна боја на месото, попотполно разградување на нитритите, а со смалување на pH вредноста посредно и на зголемување на бактериостатското дејствување на нитритите, особено на анаеробите.

Сите состојки на адитивите се измешани во оптимални количини и ги исполнуваат технолошките барања за производство на месните преработки.

 

 

Име на производот

Основен состав

Дозирање

MIOPHOS B

Додаток на база на полифосфати, антиоксиданти и шеќер

0,7 - 1,0%

MIOPHOS P

Додаток на база на полифосфати, антиоксиданти и шеќер

0,7 - 1,0%

MIOPHOS P сomplet

Додаток на база на полифосфати, растителни протеини, антиоксиданти и шеќер

3,0%

MIOPHOS PN

Додаток на база на полифосфати, антиоксиданти, нитрити и шеќер

0,7 - 1,0%

MIOCITRAT K

Додаток на база на цитрат, БЕЗ ПОЛИФОСФАТИ

0,5 - 1,0%