партнери
.
.
.
.

Подобрувачи и смеси за слаткарската индустрија

Постојаното воведување нови производи, со задржување на стандардниот квалитет спрема крајниот потрошувач, е комплексен процес. Широката палета современи производи во облик на прашок и крем и овозможуваат на слаткарската индустрија не само сигурно производство, туку и можност за производство на слаткарски производи со висок и делотворен квалитет, со користење на најнови техники и технологии. Истото тоа важи и за малите пекарници и слаткарници.

 

На база на резултатите од вакво меѓународно искуство, на пазарот се воведени  разни, многу интересни интернационални типови производи, што посредно доведува до промени, но и до стекнување навики за консумирање здрави и интересни производи.

 

Со својата целокупна активност, Ирекс Арома на големо им помага на пекарите и слаткарите во понудата на што поквалитетни производи на своите потрошувачи.

 

Со широката палета на производи успеавме да промениме некои навики и на производителите и на потрошувачите на слатки. Новите производи кои се појавуваат на пазарот, со сигурност се резултат на напорната работа и труд за воведување нови идеи. Истакнуваме, не без гордост, дека со нудење на постојана соработка одигравме важна улога во ширењето на палетата на производи на пазарот, во кои се вбројува и на пр. функционалната храна, т.е. производи коишто покрај нутритивните својства, имаат и позитивно дејство на телесните функции на корисникот.

Сé поголемиот тренд на отворање на пазарот води до пазар без граници, што значи дека поедини специјалитети, како на пр. францускиот baguette или италијанската ciabatta, односно Vollkornbrot-от од Германија ќе можат да се набават во целиот свет. ИРЕКС АРОМА веќе е со години на тој пат и ја следи таа ориентација.

 

Групи на производи (слаткарство):

·                         Готови смеси за кремови и стабилизатори

·                         Готови смеси за изработка на филови

·                         Глазури и готови чоколадни кремови за глазирање

·                         Готови смеси за бисквитни маси

·                         Готови смеси за подигнување на тестото

·                         Останати производи