партнери
.
.
.
.

Природен обојувач за месни преработки – БОМЕС

 

БОМЕС е природен обојувач на база на кармин (Е 120) наменет за употреба во подготовка на колбаси и паштети.

Додавањето на обојувачот ја зголемува типичната допадлива розова боја на месото и месните производи.

Учинокот на обојувачот посебно доаѓа до израз при долготрајно складирање, чување на производите на различни температури и под влијание на различно осветлување.

Додавањето на БОМЕС овозможува долготрајно одржување на бојата и свежиот изглед.

БОМЕС се додава на почеток на постапката на иситнување (кутер постапка), како би се осигурала рамномерна распределба на обојувачот во месната маса. Пред употреба е препорачливо обојувачот да се натопи во мало количество вода.

БОМЕС се додава во количество од 0,5 до 3 g/kg месна маса, во зависност од саканиот интензитет на бојата на готовиот производ.